Антоан Гризман е на добар пат да го промени планот и да остане уште една сезона во дресот на Атлетико Мадрид, откако последната рунда преговори е оценета како многу успешна и од двете страни.
Договорот на Гризман со Атлетико истекува на крајот од сезонава, а францускиот ветеран неколку пати има изјавено дека би сакал пред крајот на кариерата да заигра и во американската МЛС-лига. Тој дури и разговараше со неколку клубови од другата страна на Атлантикот, но последните информации говорат дека Французинот сепак ќе остане уште една сезона во тимот што го предводи Диего Симеоне.
Атлетико ги прифатил условите што ги побарал Гризман и сега останува само да се средат уште неколку детали, па да биде потпишан договор со кој Гризман ќе остане во Мадрид до јуни 2026 година.
Тоа дефинитивно ќе биде негова последна сезона во дресот на Атлетико, бидејќи Гризман планира да тргне по стапките на сонародниците Жиру и Љорис, па токму во САД да ја заврши својата фантастична кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА