ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Голманот на Лудвигсхафен, Мартин Томовски, сепак нема да настапи на премиерниот натпревар од ЕП што Македонија ќе го игра утре против Украина, откако селекторот Брестовац се реши на овој дуел да смета на двајца чувари на мрежата, Борко Ристовски и Никола Митревски.
Првичните најави од нашиот стручен штаб говореа дека покрај Мартин Серафимов, на трибините за утрешниот дуел ќе се пресели и Крстевски. Сепак, со новиот развој на настаните интернационалецот од Австрија ќе се најде во тимот, а Томовски нема да биде дел од составот против Украинците.
Македонија ќе го стартува европскиот шампионат во состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Кире Лазаров, Мартин Велкоски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА