Промена на распоредот на Вардар во ЛЕ – на старт гостување во Лисабон, на крај кај Мелсунген

Вардар ги продолжува настапите во главната рунда на Лигата на Европа, каде во групата 3 за противници ги добија германскиот тим Мелсунген и португалската екипа Бенфика.

Европската ракометна федерација ЕХФ направи промена во распоредот. Вардарци требаше првиот меч да го играат дома со Мелсунген, сепак, дојде до промена.

Така Вардар на стартот ќе патува во Лисабон на мегдан со Бенфика. Во второто коло ќе го пречекаат Мелсунген, а потоа во третото одново се домаќини на Бенфика. На крајот ракометарите на „црвено-црните“ ќе гостуваат во Германија, кај Мелсунген.

Сите натпревари ќе се играат во 20:45 часот.

17.02.2026 – Бенфика – Вардар

24.02.2026 – Вардар – Мелсунген

03.03.2026 – Вардар – Бенфика

10.03.2026 – Мелсунген – Вардар

Се вчитува...