ПРОМЕНА: Спортистите нема да мора да се тестираат пред секој меч

Спортските сезони во Македонија ќе продолжат откако Владата реши да донесе промена во протоколот за одржување на спортски настани, бришејќи ја точката што предизвика најбурни реакции – дека клубовите ќе мора да ги тестираат спортистите најмногу 72 часа пред секој натпревар, и тоа на свој трошок.

Ова придонесе експресно да бидат стопирани шампионатите во фудбал и во ракомет, за на последната седница на Владата да биде променета спорната точка.

„Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за престанување на важење на препораката по однос на задолжително PCR тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почетокот на секој натпревар“, се вели во првата точка од Нацрт-записникот од 17. седница на Владата, одржана на 3. ноември.

Фудбалската Федерација на Македонија објави дека викендов ќе продолжи натпреварувањето, се очекува да продолжат и ракометните лиги, како и кошаркарското првенство кое последно стартуваше.

Се вчитува...