Промената на власта во Сирија брзо доведе до промени во фудбалската федерација (СФФ) на таа блискоисточна земја. Откако бунтовниците во Сирија го соборија режимот на претседателот Башар ал Асад, брзо стигнаа промени и во фудбалот во оваа земја.
СФФ, охрабрена од падот на режимот, реши да ги смени боите на грбот и дресот на репрезентацијата. По примерот на бунтовничкото знаме на Сирија, федерацијата ја промени претходната црвена боја во зелена.
За потсетување, сириските бунтовници во неделата го зазедоа главниот град Дамаск и ја соборија владата, а Асад побегна во Русија по 15 години граѓанска војна и шест децении автократско владеење на неговото семејство.
Набргу потоа ФФ на Сирија објави дека ги менува боите на дресовите и грбот на репрезентацијата. Покрај објавениот нов изглед на грбот, Сириската фудбалска федерација објави и фотографија од неколку свои играчи во нови, зелени дресови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

