Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека меѓуконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во Катар ќе бидат одиграни во променет формат. Место два натпревари (дома/гости) ќе се одигра само една на неутрален терен.
Во меѓуконтиненталните квалификации ќе има претставници од Азија, Океанија, Јужна Америка и Северна и Средна Америка. Паровите ќе бидат одлучени со ждреб, а победниците од двата меча ќе бидат последните патници на мундијалот во Катар.
Натпреварите ќе се играат во јуни следната година. Европските бараж натпревари од кои е дел и Македонија остануваат непроменети, а ждрепката за паровите ќе се случи на 26. ноември во Цирих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА