Промени кај второлигашите: Ѓоре Јовановски си замина од Кожуф, Димовски нов тренер на Тетекс

Два второлигаши имаат промена во стручните штабови. Станува збор за екипита на Кожуф која се раздели со сегашниот тренер, додека тимот на Тетекс назначи нов предводник.

Нов тренер на „штофарите“ е искусниот Љупчо Димовски. Димовски во минатото беше „шеф“ на неколку наши прволигашки и второлигашки екипи, а има и интернационално искуство откако работеше во Грција.

Кај Кожуф, пак, дојде до спогодбен раскин на договорот со искусниот Ѓоре Јовановски. Јовановски и Кожуф се разделиле после поразот на тимот од Гевгелија од Локомотива, па деновиве екипата ќе добие нов предводник.

Се вчитува...