Кошаркарскиот клуб Кожув претрпе драстични измени во играчкиот кадар, откако клубот објави дека се разделил со пет кошаркари, и на нивно место донел исто толку.
Од клубот објавија дека се разделија со Кришнан, Артисон, Слејтер, Хукиќ и Пандев.
„Од името на клубот им се заблагодаруваме на досегашниот придонес и им посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Кожув.
Клубот од Гевгелија ги објави и имињата на новите аквизиции. Станува збор за поратниците Брендон Пен, и Никола Караколев. Караколев после пет години се враќа во Кожув. Освен нив, на позицијата плејмејкер гевгеличани се засилија со Елијах Милер, а како и со Србинот Бранислав Вујадиновиќ. Петто засилување е интернационалецот од БИХ, Миљан Марковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА