Промени во Охрид: Андоновски го напушта кормилото

Горан Андоновски од вечерва повеќе не е шеф на стручниот штаб на Охрид. Раководството на клубот по консултација со градските власти донесе одлука за разделба од тренерот под чие водство Охрид стана стабилен суперлигаш, кој се бореше и за место во европските купови.

„РК Охрид од нула до второто коло од ЕХФ. РК Охрид од нула до вицешампион во младинци. РК Охрид од нула до полни сали и победи. РК Охрид од нула до 6,3 милиони денари ваучер само од АМС и РМ. Се за што сонувавме јас и мојот покоен татко Ксте Андоновски за акометот во Охрид, остваривме со многу работа и труд. Најискрено му пожелувам на РК Охрид годинава со најгоолемиот буџет во историјата, за кој огромни заслуги имам и јас, со резултатитее и реномето на клубот години наназад, да одат скалило погоре. РК Охрид, ти си дел од мојата фамилија, дел од моето срце. Благодарам, секогаш со срце за Охрид“ – објави вечерва Андоновски, потврдувајќи го своето заминување од тренерската функција во клубот.

Според првичните информации, еден од главните кандидати за наследник на Андоновски е поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ.

 

Се вчитува...