Промени во Вест Хем: Пристигнува нов стопер, заминува еден клучен фудбалер

Пристигнувањето на Жулиен Лопетеги на клупата на Вест Хем Јунајтед ќе донесе и промени во играчкиот кадар на клубот од лондонскиот „Олимписки“ стадион.

„Чекичарите“ мораат да ја зацврстат стоперската позиција, а трансфер мета број еден за неа е Макс Килман со кој тимот веќе ги договори личните услови и останува само уште да се одреди центата за трансфер. Првичната понуда од 30 милиони евра беше експресно одбиена од страна на Вулверхемптон, но се очекува да биде постигнат договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Вест Хем Јунајтед ќе мора неочекувано да се засилува и во средината на теренот од каде заминува Лукас Пакета кој се терети за обложување и кој го чека жестока суспензија. Поради тоа Бразилецот „бега“ назад во татковината каде е мета на Фламенго со кој веќе се водат активни преговори.

Се вчитува...