Фудбалската Федерација на Македонија објави прекрасно промо видео со наслов – Скопје, домаќин на УЕФА Супер-купот 2017, со јасна порака дека нашиот главен град и „Телеком Арена“ се подготвени за организација на спортскиот настан број еден во нашата држава годинава.
Само за потсетување, на 8 август на „Телеком Арена“ силите ќе ги одмерат европскиот првак Реал Мадрид и освојувачот на Лигата на Европа, Манчестер јунајтед.
Според последните информации, Реал ќе настапи комплетен на овој дуел, предводен од својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо, кој ќе има доволно време да одмори по Купот на Конфедерациите, за потоа да тренира со остатокот од тимот и да допатува во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА