Роберт Просинечки и официјално беше претставен како нов селектор на Црна Гора, откако поранешниот хрватски репрезентативец ги договори условите за двогодишна соработка.
Просинечки беше избор на првиот човек на федерацијата, Дејан Савичевиќ, со кого своевремено како играч заедно настапуваше во Црвена Звезда, а Хрватот по потписот на договорот не криеше дека е максимално мотивиран за предизвикот пред него.
„Многу сум задоволен што ќе работам овде, што ќе водам селекција како Црна Гора. Ќе работам најдобро што знам, оние проблеми што постојат ќе ги решаваме во од, пред нас е завршницата од Лигата на Нации што е од огромно значење. Со Дејо Савичевиќ сум добар пријател, ми се јави и ме праша дали сум заинтересиран, што му одговорив потврдно се договоривме за помалку од два дена. Црногорците се горд народ и можам да кажам дека нема да се плашиме од никого. Секогаш сум бил победник, сум играл во големи клубови, сигурно ќе сакаме да доминираме на терен, да имаме посед на топката, верувам дека имаме доволно квалитетни играчи за да го исполниме тоа“, изјави Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА