Досегашниот помошник тренер на Арсенал, Карлос Куеста е назначен за нов предводник на Парма. Интересно е што овој тренер има само 29 години, односно ќе биде помлад од некои од играчите на тимот.
Договорот со Куеста е до 2027 година, со можност да биде продолжен на уште една година. Шпанецот од 2020 до 2025 година беше асистент на Микел Артета во таборот на „топчиите“. Претходно две години работеше како асистент во тимот на Јувентус до 17 години.
Куеста доаѓа на местото на Кристијан Киву во Парма. Романецот ја прифати понудата од Интер, каде настапуваше како играч, да го наследи Симоне Инзаги, кој, пак по дебаклот во финалето во Лигата на шампионите и неосвоената титула во Серија А, се реши да замина во Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

