Сантос и официјално го објави потписот со ѕвездата Нејмар кој пристигнува како слободен играч откако пред неколку дена го раскина договорот со Ал Хилал .
Сантос реши да го објави трансферот на прекрасен начин, поточно со трогателно видео во кое самиот Нејмар се обраќа на клупската икона Пеле и на навивачите на тимот.
„Здраво, кралу! Многу ми недостигаш! Кога стигнав овде, бев мало дете полно со соништа. „Вила Белмиро“ ме прими и таму пораснав и бев среќен. Сантос ме покажа на светот, но моето срце никогаш не престана да биде „црно-бело“. Се сеќавам низ се што поминав со сите вас. Секој момент. Јасен, среќен и вечен спомен. Оној на кој не сакам само да се сеќавам, туку повторно да го доживеам, заедно со тебе, како и секогаш. Кралу Пеле, твојата желба е моја заповед. Престолот и круната – сепак се ваши, затоа што сте вечни. Но, бројот 10… би било чест да го носам светиот дрес што значи многу за Сантос и светот. Ветувам дека ќе направам се што е во моја моќ за да продолжам да го почитувам твојот завет. „Ќе си одам, но ќе се вратам“, се сеќаваш? „Па… Принцот се врати“, вели рекордниот стрелец на Бразил во видеото, кое вклучува снимки од неговиот прв престој во клубот.
Нејмар се врати во својот матичен клуб после 11,5 години откако направи трансфер во Барселона. Потоа играше во ПСЖ па во Ал Хилал.
Eu vou, mas eu volto. #ThePrinceIsBack pic.twitter.com/2uTxDgYk1M
— Santos FC (@SantosFC) January 31, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА