Македонската ракометна репрезентација ќе настапува со нови дресови на СП 2019 во Данска и Германија, откако попладнево беше промовирана новата опрема од компанијата „Хумел“, која останува партнер на Ракометната Федерација на Македонија.
Стотина фанови беа присутни на денешната промоција, користејќи ја можноста за „селфи“ и автограми од селекторот Гонзалес и своите ракометни миленици.
Слоган на промоцијата беше „Со нов дрес до нови победи“ – со новата опрема ќе се дебитира на контролите со Србија , а останува надежта за многу победи и радости на претстојното СП, во групната фаза во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА