Младинскиот културец центар синоќа беше местото на одржување на промоцијата на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска, која трагично го загуби животот на планината Кајмакчалан.
Оваа книга всушност претставува збирка на текстови што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.
На промоцијата беа присутни многу планинари, вљубеници во природата, нејзини пријатели и најблиските.
„Одам на тура од која ми потскокнува срцето. Планината не прави среќни, не издигнува до облаците“ – пишува во книгата на Калина.
Калина Велевска (1990) трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.
Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.
Фото: Маја Јаневска – Илиева (Нова Македонија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА