Македонската спортска библиотека е побогата за една прекрасна монографија „100 години фудбал во Велес“ чиј автор е Ѓорѓи Минов, голем вљубеник во фудбалот кој вложи голем долгогодишен труд во подготовките на ова историско дело за развојот на фудбалот во Велес, со почетоците на формирањето на првите клубови во градот уште од 1919 година.
Монографијата на повеќе од 200 страници, со над 250 фотографии на првите формирани клубови, на најпознатите фудбалери од Велес, тренери, претседатели што и дава посебен белег со еден пресек на достигнувањето во развојот на фудбалот во градот во изминатите 100 години.
Авторот успеал да ги пронајде и објави комплетните табели од сите лиги во кои играл Борец и останатите клубови од градот што е навистина за почит . Слободно може да се каже дека е една импозантна спортска книга која заслужува внимание, особено на оние кои се занимаваат со истражување на историјата на фудбалот во Македонија.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

