Спортскиот бренд „Адидас“, ја промовираше топката со која ќе се игра на престојниот Мундијал во Катар. Станува збор за топка која ќе го носи името „Ал Рихла“.
Топката покрај белата, ја има и плавата, црвената и жолта боја. На промоцијата учествуваше и Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Светското првенство ќе се игра од 21 ноември до 18 декември на осум стадиони, во пет градови во Катар. Ждрепката за групите ќе биде одржана во петок во Доха во 17 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА