Пронајден паднатиот авион, од Сала и пилотот нема трага!

Остатоците од урнатиот авион со кој леташе Емилијано Сала од Нант кон Кардиф конечно се пронајдени, објави денеска „Скај Њус“ повикувајќи се на извори од семејството на аргентинскиот фудбалер.

Приватната потрага раководена од страна на американскиот експерт за вакви ситуации, Дејвис Мернс, вроди со плод, откако во текот на денешниот ден бил пронајден трупот од авионот што се урна при прелетувањето на Англискиот Канал. Во потрагата била користена модерна технологија, за авионот да биде пронајден блиску до брегот.

Иако е извршена детална потрага и на околината, не се пронајдени ниту Сала ниту пак пилотот Дејв Иботсон, кои се водат за исчезнати.

„Авионот е пронајден, но во него немаше никаква трага од двајцата патници. Семејствата на Емилијано Сала и на Дејвис Иботсон се известени од страна на полицијата. Утре ќе биде објавено и официјално соопштение, вечерва нашите мисли се насочени само кон семејствата и пријателите на Емилијано и на Дејвид“ – потврди лидерот на приватната спасувачка мисија, Дејвид Мернс.

 

Се вчитува...