Поранешниот австриски Формула 1 ас Герхард Бергер конечно ја дочекал полицијата да го пронајде неговото ретко Ферари кое било украдено во 1995 година.
Лондонската метрополитенска полиција потврди дека е пронајден Ferrari F512M, кој беше украден од Бергер во 1995 година.Последниот модел на познатата Тестароса, откако беше украден од австриски возач, беше префрлен во Јапонија.
Моделот од која беа произведени само 75 во Северна Америка, беше украден од поранешниот возач на Ферари за време на тркачкиот викенд во Сан Марино во 1995 година.
Возилото од 350.000 фунти поминало 28 години во Јапонија пред да се врати во Велика Британија на крајот на минатата година кога било пронајдено. Се уште никој не е уапсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА