Академијата на Манчестер јунајтед е привремено затворена откако човечки останки беа пронајдени закопани во близина на тренинг центарот. Полицијата покренала истрага, а судскиот вештак кој излегол на терен потврдил дека се работи за закопан труп на маж кој бил во најлонска кеса.
Не се знае до кога ќе биде затворен комплексот, но она што се знае е дека полицијата работи на случајот и дека обвинителите излегле на местото на настанот и веднаш покренале истрага и судска постапка.
„Голема истрага е во тек и ќе остане така уште некое време додека не утврдиме што се случило. Областа е затворена за јавноста“, изјави еден од инспекторите на лице место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА