Хрватскиот стратег Роберт Просинечки изминативе денови се потенцираше во медиумите како нов тренер на Трабзонспор, но во клубот од брегот на Црното море се одлучија за друга опција.
Трабзонспор потврди дека во новата сезона ќе ги предводи Еди Њутон кој ќе биде наследникот на Хусеин Чимшир. Ова е вторпат во краток период Хрватот да отпадне од комбинација за нов ангажман, откако беше поврзуван и со враќање на кормилото на Динамо Загреб.
Просинечки и натаму останува на клупата на Кајсериспор кој благодарение на одлуката на Турскиот фудбалски сојуз да нема испаѓање, и натаму ќе игра во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА