Јувентус остана без Антонио Конте, кој на крајот се реши да остане во Наполи откако имаше шпекулации дека ќе си замине по освоената шампионска титула, поради несогласувања со првиот човек Аурелио де Лаурентис поради трансфер политиката.
Сега тимот од Торино тргнува по услугите на Џан Пјеро Гасперини, кој пред неколку дена најави заминување од Аталанта. Сепак, проблематично е тоа што Гасперини најверојатно веќе има договор со Рома, и дека и овој план на Јувентус е пред пропаѓање.
Третата опција е нов договро за Конте до крајот на сезоната, односно ќе го награди Хрватот за успешните настапи и излегувањето на тимот во Лигата на шампионите идната сезона. Сигурно е дека Тудор ќе го води Јуве на светското клупско првенство, а очигледно е дека настапот на „бјанконерите“ на тоа натпреварување во голема мера ќе ја одреди и иднината на Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

