Фудбалската репрезентација на Англија и по Евро 2024 останува без освоен трофеј откако „Гордиот албион“ беше поразен во големото финале одиграно во Берлин од Шпанија со 2-1 во драматична завршница.
Англија не одигра блескаво на шампионатот, но се најде во „полесниот“ дел од ждрепката и го трасираше својот пат до финалето. Во случај Англичаните да ја поминеа и последната пречка подготвен бил спектакуларен пречек во Лондон каде отворен автобус требало да вози низ градот, а репрезентативците да бидат поздравени и од Кралот Чарлс.
Очекувањата биле и милиони фанови на улиците кои би ги надминале двата најголеми пречеци во историјата на оваа држава – освојувањето на Светското првенство во 2003 година од страна на рагби репрезентацијата и шампионскиот подвиг на крикет репрезентацијата во 2005 година.
Наместо тоа нема репрезентацијата на Англија нема да добие никаков пречек со оглед на тоа што очекувањата беа шампионски трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА