ПСЖ нема намера да се откаже од ангажман на Зинедин Зидан на клупата, иако првиот обид наводно пропаднал. Популарниот „Зи-Зу“ ја одбил првата понуда од страна на Катарците, кои, пак, продолжвуаат да водат преговори. Тоа се случило пред неколку дена, а се шпекулира дека утре ПСЖ ќе му врачи отказ на Маурисио Покетино и ќе го отвори местото за легендарниот Зидан.
Во исто време советникот на клубот Луис Кампос, продолжува да инсистира да биде ангажиран Кристоф Галтие, моменталниот тренер на Ница.
ПСЖ ќе добие нов тренер во намерата да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Покетино успеа да се закити само со трофејот во Лига 1, но тоа не ги задоволува апетитите.
Откако ќе се реши прашањето околу тренерот, потоа ПСЖ ќе се „фрли“ кон градење на тимот. Едно од имињата кои се споменуваат е Роберт Левандовски, а исто така со трансфер во Париз се поврзува и Пол Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА