Пропадна трансферот на Алиоски во Трабзон?

Трансферот на Езгијан Алиоски од Ал Ахли во Трабзонспор се чинеше како завршена работа, но според последните информации македонскиот репрезентативец нема да ја продолжи кариерата во таборот на новиот турски првак.

Медиумите од Турција информираат дека Трабзон долго чекал на договор со Алиоски, за на крајот да ги стопира преговорите и да се насочи кон други опции за позицијата лев бек. Така, „сино-црните“ го купиле Ерен Елмали од Кашмипаша како нов лев бек, што значело и крај на „приказната Алиоски“.

„Раководството на Трабзон го контактираше агентот на Алиоски, но вестите на беа добри. Трабзонспор веќе ја пополнил дупката во тимот на лев бек и му соопштил на агентот дека не бара други играчи за оваа позиција“, пишуваат турските медиуми.

Езгијан Алиоски е слободен да ги смени клупските бои откако тимот на Ал Ахли испадна од елитното фудбалско друштво во Саудиска Арабија.

 

Се вчитува...