Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала нема да премине во Тотенхем, иако ги договори личните услови со клубот од Лондон. Реализацијата на трансферот кој требаше да вреди 75 милиони евра, нема да се случи бидејќи од Јувентус одлучиле да го задржат 25-годишниот фудбалер, пренесува британскиот Би-би-си.
Иако Маурицио Сари јавно кажа дека Дибала не му е потребен во клубот, сепак од раководството на „старата дама“ одлучија дека младиот Аргентинец е потребен, како тимот би можел да ја освои толку посакуваната Лига на шампиони.
Tottenham’s proposed move for Paulo Dybala is OFF. Juventus have decided not to sell the 25-year-old Argentina forward.
More: https://t.co/nrwJ5JGk0r#DeadlineDay #bbcfootball pic.twitter.com/z4PnFvKwxu
— BBC Sport (@BBCSport) August 8, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА