Пропадна трансферот на Кеан во Атлетико Мадрид

Моисес Кеан беше целосно договорен за преселба во Атлетико Мадрид, напаѓачот на Јувентус дури и беше присутен во ложата на „Ванда Метрополитано“ на неделниот дуел со Валенсија, но италијанскиот голгетер сепак нема да се пресели во Шпанија.

Последните информации говорат дека трансферот е целосно пропаднат, откако во таборот на Атлетико Мадрид не биле задоволни од лекарските прегледи и резултатите што ги имал Кеан. Италијанецот на самиот почеток најавил дека е повреден, но тренерот Симеоне и клупските доктори биле изненадени кога резултатите покажале дека Кеан нема да може во блиска иднина да се врати на терените.

Ако се знае дека мадридскиот клуб требаше да плати 500.000 евра само за позајмица од нецели пет месеци, јасно е зошто Атлетико се премисли и не сакаше да го чека Кеан. Поради ова, Јувентус веќе е известен за пропаднатиот договор, па „старата дама“ сега ќе се обиде да најде нов купец за италијанскиот голгетер, кој воопшто не е дел од плановите на тренерот Алегри за вториот дел од сезоната.

Се вчитува...