Пропадна трансферот на легендарниот Хрват во Барселона

Легендарниот хрватски фудбалер Иван Перишиќ ова лето нема да се пресели во Барселона. Тој и во следните две години ќе го носи дресот на ПСВ, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Барселона изрази желба да го ангажира искусниот 36-годишен фудбалер и тоа како слободен играч со оглед на тоа што му истекува договорот на крајот на месец јуни, но преговорите пропаднаа па Перишиќ ќе ја продолжи верноста кон холандскиот клуб.

Перишиќ кој оваа сезона се врати од тешка повреда настапи на 35 натпревари за ПСВ постигнувајќи 16 голови и 11 асистенции.

Претходно со успех настапуваше и за Интер, Клуб Бриж, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Тотенхем, Баерн Минхен и Хајдук Сплит.

Се вчитува...