Фудбалерот на Лацио, Џордан Лукаку нема да оди на позајмица во Њукасл, соопшти англискиот клуб.
Џордан, кој е брат на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ромел Лукаку, требаше да премине во Њукасл до крајот на сезоната, но Њукасл соопшти дека Лукаку ќе се врати во Италија.
„Белгискиот дефанзивец беше во клубот во петокот, откако доби дозвола од Лацио. Одлучено е фудбалерот да се врати во Рим. На Џордан му посакуваме се најдобро во иднина“ – се вели во соопштението од Њукасл.
Англиските медиуми информираа дека договорот пропаднал од „медицински причини“, и дека не е поврзано со финансии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА