Младиот шпански напаѓач Саму Омородиан во следната сезона нема да настапува на „Стемфорд Бриџ“ откако пропаднаа преговорите за негов трансфер вреден 40 милиони евра, пренесуваат светските медиуми.
Очекувањата беа дека 20-годишникот наскоро ќе го официјализира преминот во премиерлигашот откако двата клуба ги договорија условите за трансфер, но до истото нема да дојде поради засега неоткриени причини.
Омородиан требаше да потпише седумгодишен договор со Челси со опција за продолжување на соработката и за дополнителна сезона, а овој трансфер требаше да игра улога и во ангажманот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА