Пропаднаа преговорите помеѓу Мемфис Депај и Јувентус

Мемфис Депај ова лето нема да се пресели во редовите на Јувентус, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Холандскиот репрезентативец имаше постигнато договор со „старта дама“, но пропаѓањето на трансферот на Рабио во Манчестер Јунајтед ги промени плановите на италијанскиот состав.

Сега клубот од Торино приоритетот го префрла на Паредес и Милик, а ја остава Барселона во сериозни проблеми со оглед на тоа што доколку каталонците не се решат од напаѓачот нема да можат да го регистрираат Џулс Кунде без прекршување на финансискиот фер-плеј и 50 милионското засилување слободно ќе ја бира новата дестинација.

Мемфис во Барселона пристигна во ерата на Роналд Куман, но за него нема место во ерата на Чави. Како опција сега се јавува интересот од Манчестер Јунајтед кој во потрага по напаѓач сака да го врати поранешниот фудбалер на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...