Проштална порака на легендарниот тренер: Мора да прифатиме дека смртта е дел од животот

Легендарниот шведски фудбалски стручњак, Свен Горан Ериксон, објави проштална порака.

Познатиот тренер на почетокот на годината објави дека му бил дијагностициран рак во подмолен стадиум и дека не му останува уште многу време .

За жал ситуацијата се влошува, па реши да се поздрави со сите.Тој остави потресна порака во која истакна дека имал убав живот и дека се надева дека луѓето добро ќе го паметат.

„Имав добар живот. Мислам дека сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта е исто така дел од животот. Мора да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат дека бев добра личност. Знам дека сите не мислат така, но што е тука е“, рече Ериксон и додаде:

“Се надевам дека ќе ме паметите како позитивна личност која се трудеше да направи се што можеше. Не плачи, насмевни се. Им благодарам на сите тренери, играчи, навивачи… Беше фантастично. Грижете се и чувајте го својот живот – живејте здраво“.

Се вчитува...