Герет Саутгејт од денеска и официјално повеќе не е селектор на англиската репрезентација откако самиот се повлече од функцијата одбивајќи ја понудата за нов договор што ја имаше на маса од раководството на ФА.
Мислењата на јавноста се поделени, покрај оние кои го критикуваат за недоволна стручност за да го извлече максимумот од талентираната групи фудбалери постојат и оние кои потсетуваат дека Саутгејт ја одведе Англија до две финалиња по ред на европските првенства, нешто што досега му нема успеано на ниту еден друг стратег.
Саутгејт преку официјално писмо објавено на страницата на ФА се збогуваше од соработниците, заблагодарувајќи се за укажаната доверба.
„КАко горд Англичанец, чест ми е што играв за Англија и што ја водев Англија. Тоа беше се за мене во животот и целосно се вложив самиот себе. Сепак, време е за промена, време е за ново поглавје во животот. Неделното финале со Шпанија беше мој последен меч како селектор“, напиша Саутгејт, па продолжи: Се приклучив на Фудбалската Асоцијација за да го унапредам англискиот фудбал. Во тоа време, вклучувајќи ги и осумте години како селектор, ме поддржуваа брилијантни луѓе кои заслужуваат огромна благодарност. Не може да посакам подобар човек крај себе од Стив Холанд, тој е еден од најталентираните стручњаци во својата генерација… Имав привилегија да водам голема група играчи на 102 натпревари. Секој од нив беше горд што ги носи трите лава на дресот. Тимот што настапи во Англија беше полн со млади таленти кои можат да го кренат трофејот за кој сите сонувавме. Многу сум горд на нив, се надевам дека сите заедно ќе застанеме зад овие фудбалери и националниот тим и во иднина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА