Роберт Просинечки би можел да го преземе кормилото на Хрватска по Европското првенство.
Хрватите не играат согласно очекувањата на ЕВРО 2020, досега со освоен само еден бод од два натпревари, па се очекува разделба со Далиќ по крајот на шампионатот.
„Знам само сигурно дека сега е најважно сите да сме со Хрватска, за во вторник да се пласираме во следниот круг. Што ќе биде во иднина не се знае. Дали би прифатил понуда за селектор? А, кој не би прифатил да ја предводи Хрватска“ – вели Просинечки.
Според Просинечки неиграњето на Иван Ракитиќ е најголемиот хендикеп за „коцкестите“ на ЕВРО 2020, кои прерано се откажаа од неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА