Просинечки доби отказ од клупата на Црна Гора!

Легендарниот хрватски тренер Роберт Просинечки денеска доби отказ од клупата на црногорската репрезнтација објавува „Спорт Клуб“. Иако Просинечки ги започна квалификациите за Светското првенство во 2026 година со две победи, неговата репрезентација ги загуби следните три натпревари, а поразот од 4-0 против Хрватска на Максимир беше клучниот момент за заминувањето на Хрватот од селекторската позиција.

Тој изминативе 18 месеци ја предводеше репрезентацијата на Црна Гора на 16 натпревари во кои оствари пет победи, едно реми и десет порази со гол разлика од 14-25. Претходно во кариерата беше селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Според најавите, 56-годишниот Просинечки на селекторската функција на Црна Гора треба да го наследи легендарниот црногорски фудбалер Мирко Вучиниќ.

Се вчитува...