Роберт Просинечки, како што вели, се враќа во нормала по трите операции на абдоменот кои малку го оддалечија од фудбалот. Сега повторно е на собирот на репрезентацијата на БиХ.
„По се што ми се случи, може да кажам дека штом повторно зборувам за фудбал значи дека сум добро. Се добро се заврши и сега повторно се враќам во нормала“ – вели Просинечки, и дополнува:
„Имав проблеми со цревата. Во таа работа најважно е да се стигне на време за да не дојде до сепса. Се оддолжија малку и опоравувањето и операциите, но сега сум добар“.
Легендарниот Жути, по бројните скандали во јавноста поврзани со Јелена Карлеуша, од репрезентацијата на БиХ го избриша Огњен Врањеш. Сега уште еднаш ја оправдува својата одлука.
„Може само да кажам дека Огњен е без клуб во моментов, а кога ќе се дополнат сите тие афери кои се евидентни и за кои вие повеќе знаете од мене, тогаш јасно е дека сам се избриша од репрезентацијата. Додека играше за БиХ навистина секогаш го даваше својот максимум и поради тоа останува жал што го загубивме. И не го избрка Роберт Просинечки, како што сите зборуваат, тој самиот себе се избрка од репрезентацијата“ – вели Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА