Две победи го делат Лео Меси до трофејот кој недостасува од витрините во неговата богата кариера исполнета со огромни успеси. Но, за остварување на сонот Аргентина пред се треба да ја мине полуфиналната пречка наречена Хрватска која докажа дека може да биде вистински кошмар.
Очекувањата за полуфиналната средба ги искажа и Роберт Просинечки, поранешниот селектор на Хрватска кој вели дека неговата репрезентација може да победи, но и да загуби од секого, а додаде и дека нема да биде праведно за фудбалот Меси да не го освои Мундијалот.
„Сите знаеме дека ако му е денот на Меси никој не може да го запре. Доколку мене ме прашувате Аргентина е фаворит, но со Хрватска никогаш не се знае. Може да го победи секој, но и од секој да загуби, а и веќе еднаш ги добивме со Меси на теренот. Сигурно ќе биде интересен натпревар, ова е можеби и последната шанса на Меси да дојде до титула на Светското првенство. Нема да биде праведно за фудбалот Меси да не го освои Мундијалот“, вели Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА