Роберт Просинечки и натаму ќе остане селектор на репрезентацијата на Црна Гора, одлучи Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Просинечки ќе ја води Црна Гора и во квалификациите за СП 2026, и покрај тоа што се навестуваше негова смена поради лошите резултати изминатава година. Но, Дејан Савичевиќ и Извршниот одбор цврсто застанаа зад Роберт Просинечки.
Хрватскиот стратег од февруари оваа година е на чело на селекцијата која ја водеше на десет натпревари, и запиша три победи и седум порази. Црна Гора оваа година испадна од Б-дивизијата во Лигата на нации.
„Роберт Просинечки ја доби довербата од членовите на Извршниот одбор да ја води репрезентацијата и во квалификациите за СП 2026“ – се вели во соопштението од ФСЦГ по состанокот на Извршниот одбор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

