Просинечки по триумфот во 96. минута: Само неупатените во фудбалот мислат дека Фарските Острови се лесен противник!

Црна Гора со голот на Едвин Куч во 96. минута на натпреварот во Никшиќ успеа да дојде до триумф од 1-0 во второто коло од групата Л од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Фарските Острови.

Селекторот на Црногорците, Роберт Просинечки истакна дека селекцијата на Фарските Острови е неправедно потценета и се работи за навистина компактна екипа со квалитетни поединци.

„Лесно е да ги отпишеш однапред на хартија. Но тоа го прават само оние неинформираните, неупатените во фудбалот. А, на теренот треба да играша… Фарски Острови неверојатно напредуваа во последниве неколку години, играат блок, сите зад топката и беше тешко да се пробијат. Воопшто не се наивна селекција како што мислат некои кои не го следат фудбалот, но на крајот најважна е победата и шесте бода. Тешка игра, тие се тим што игра во два блока, и на дуелот со Чешка загубија по примен гол во последната минута“ – истакна Просинечки по синоќешниот меч.

Црна Гора има шест бода од две кола, исто колку и Чешка со која се соочува на 6 јуни.

Се вчитува...