Репрезентацијата на Црна Гора загуби со 1-0 на гостувањето против Турција, продолжувајќи ја серијата слаби резултати под водство на Роберт Просинечки.
Интересно, хрватскиот стратег имаше победничко деби на клупата на Црна Гора на пријателскиот меч со Македонија, но тој не ги носи резултатите што се очекуваат од него во последно време. Напротив, Просинечки испиша негативна историја во црногорската репрезентација, која под негово водство за првпат загуби пет средби во низа.
Серијата почна со неуспехот од 2-0 на пријателскиот меч со Белгија, по што Црногорците загубија на домашен терен од Грузија со 1-3, исто така на пријателски натпревар. Следеа три порази на три средби во Лигата на Нации, со 2-0 од Исланд, со 1-2 дома од Велс и сега со 1-0 од Турција.
Хрватот барем засега ја има поддршката од претседателот на федерацијата, неговиот поранешен соиграч Дејан Савичевиќ, но не се отфрла можноста Просинечки на крајот од Лигата на Нации следниот месец да добие отказ од селекторската функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА