Легендарниот Роберт Просинечки со репрезентацијата на Киргистан доживеа тежок пораз од Мадагаскар со 2-5.
Ова е еден од низата неуспеси во работата на славниот Хрват како тренер. Киргистан веќе претрпе пораз против Екваторска Гвинеја на дебито на Просинечки, а сега Мадагаскар им зададе уште еден тежок удар.
Веќе во првото полувреме, Мадагаскар водеше со 4-0, што изгледаше дека поразот ќе биде катастрофален. Сепак, домашните успеаја да постигнат два гола и да ја намалат разликата, но противникот на крајот ги постави конечните 2-5.
Во својата кариера, Просинечки веќе има искуство со неколку репрезентации – беше селектор на Босна и Херцеговина и Азербејџан, а до неодамна ја водеше Црна Гора.
Во Црна Гора, тој не успеа да ги постигне зацртаните цели, па на таа позиција го наследи Мирко Вучиниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

