Просинечки со најсилниот можен состав ќе и се спротистави на Македонија

Селекторот на црногорската репрезентација, Роберт Просинечки со најсилниот можен состав ќе се спротистави на Македонија на пријателскиот натпревар кој е закажан за 25. март во Анталија.

Овој месец Црна Гора покрај дуелот со Македонија ќе игра и со репрезентацијата на Белорусија.

На списокот на Просинечки се и двете најголеми ѕвезд, поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Севилја и Интер, Стеван Јоветиќ, како и актуелниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ.

Се вчитува...