Поранешниот германски репрезентативец, Лукас Подолски влегува во нов бизнис со брза храна. Фудбалерот кој во март минатата година се прости од националниот дрес в сабота во Келн отвора ќебапчилница.
За 32-годишниот Подолски кој за германската репрезентација постигна 49 гола на 130 натпревари, ова е нов деловен предизвик и пропирување на бизнисот откако во јуни во Келн отвори продавница за сладолед.
Според информацијата што ја сподели неговиот претставник за јавност, германскиот фудбалер кој моментно настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе, во новиот бизниз влегува заедно со двајца партнери и ќе биде присутен на отворањето на локалот во Келн.
Лукас Подолски станал љубител на популарната турска улична храна за време на неговиот двегодишен престој во Истанбул кога настапуваше во дресот на Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА