Кристијано Роналдо збесна на португалскиот селектор кој настапи со „кукавичка игра“ против Србија, а крајниот резултатот донесе пораз од „орлите“ и останување без „билет“ за Мундијалот.
Сега на Португалците им останува последната надеж, победа во баражот за остварување на сонот за настап на СП во Катар.
Србија ја шокираше Португалија во 90-та минута и така наплати за далеку подобрата игра што ја прикажа во Лисабон. По натпреварот, протече снимка од разочараниот Кристијано Роналдо, кој речиси беше во солзи, а истата го обиколи светот.
На површина „излезе“ видео кое зборува повеќе од илјада зборови. Кристијано Роналдо на крајот од натпреварот збесна на тренерот Фернандо Сантош. Одличниот напаѓач мавташе со рацете во насока на тренерот, а гестикулациите покажаа дека Роналдо воопшто не се согласил за „кукавичката тактика“.
Кога ќе се земе во предвид играта на Португалија против Србија, воопшто не е за изненадување реакцијата на Кристијано.
Cristiano Ronaldo’s reaction after full-time. He looked mad at Fernando Santos. 👀pic.twitter.com/G45ohXNsQh
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) November 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА