Протекоа фотографии: Меси во Мајами ужива во друштво на најубавата глумица

Најдобриот фудбалер на светот за 2023 година, Лионел Меси во одморот пред почетокот на МЛС првенството ужива во раскошот во Мајами. На социјалните мрежи се појавија фотографии од дружба со познатата колумбиско-американска глумица Софија Вергара и веднаш станаа хит.

Глумицата им се придружила на него и неговата сопруга како и соиграчите од Интер Мајами, Џорди Алба, Луис Суарез, Серхио Бускетс и нивните сопруги во ресторан во овој град во Соединетите американски држави.

Се вчитува...