Бразилскиот репрезентативец Винисиу Жуниор ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на светот, во изборот на ФИФА.
Тиражниот „Глобо Еспорте“ дознава дека Винисиус ќе го добие престижниот индивидуален трофеј, што на некој начин би се „исправила неправдата“ кон Бразилецот на гласањето организирано од „Франс фудбал“.
Наградата ќе му биде врачена на Винисиус на церемонијата на ФИФА на 17 декември.
Покрај Бразилецот, во најтесна конкуренција за најдобар играч на годината од ФИФА се и Џуд Белингем, Дани Карвахал, Ерлинг Халанд, Тони Крос, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Родри, Федерико Валверде, Флоријан Вирц и Ламине Јамал.
Најдобриот играч на светот го избираат капитените на репрезентациите, селекторите и новинарите во организација на ФИФА, а се земаат предвид и гласовите на официјалната веб-страница на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА