Дејвис-куп репрезентацијата на Македонија ќе игра против домаќинот Бугарија, Исланд и Албанија во Групата А од натпреварите во Третата европска зона кои од утре се играат во Пловдив, Бугарија.
Во првото коло на турнирот македонската селекција ќе се соочи со репрезентацијата на Исланд. Македонија, како што е познато, во Бугарија ја претставуваат Горазд Србљак, Димитар Грабул, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски, под водство на селекторот Чедомир Јовановски. Дејвис куп селекцијата ќе настапи без најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА