Против сите очекувања: Маестралниот Деј со пресврт до победа до Бритиш Опен

Рајан Деј оваа вечер стана вистинска сензација во снукерот откако против сите очекувања успеа да слави на Бритиш Опен совладувајќи го Марк Ален во големото финале до 10-7. Фаворизираниот Ален влезе со предност во последната сесија, но Деј блесна кога беше најпотребно, реализираше со висока успешност и со константност стигна до долгопосакуваната титула.

На Велшанецот му припадна последните три сета во кои имаше маестрални потези, a и имаше и доза на среќа во 17. сет кој во кој добро започна, а и покрај тоа што доволи Ален да се врати на масата на крајот се радуваше на најголемата победа во неговата кариера.

Се вчитува...