Проведел е четвртиот голман кој постигна гол во ЛШ

Голманот на Лацио, Иван Проведел ја одбележа синоќешната програма во Лигата на шампионите откако погоди во противничкиот гол во судиското продолжение и така му донесе еден бод на својот тим.

Проведел е само четвртиот голман кој погодил во натпревар од Лигата на шампионите, и втор кој успеал да стрела од игра во групната фаза во најелитното европско натпреварување.

Легендарниот изведувач на пенали на Баер Леверкузен, Ханс Јорг Бут има три постигнати гола, но исте од пенал во 2000, 2002 и 2009 година. Еден од головите ги постигна во дресот на Баерн Минхен. Екс голманот на Стандард Лиеж е единствен кој погоди од игра пред Проведел. Турчинот стрелаше во меч против Аз Алкмар.

Винсент Енјама во дресот на Хапоел Тел Авив погоди од пенал против Салцбург во 2010 година, по што цели 13 години се чекаше уште еден голман да постигне гол, а тоа беше Проведел на синоќешниот натпревар.

Се вчитува...